(видео) Уште една жртва на експлозијата на плинска боца во Романовце

Утринава почина уште еден од повредените во трагедијата со плинската боца што пред две недели се случи во кумановското село Романовце. Со тоа вкупниот број на загинати достигна седум лица. Станува збор за 55-годишниот  аџи Елјаса Алими, кој имал над 45 проценти зафатеност на телото со изгореници. Зафатени биле и дишните патишта, а имал и инхалациони изгореници. На самото место на инцидентот загинаа три деца на возраст од 8,9, 11 години.

Од несреќата во Романовце, се лекуваат уште три лица во старата Градска болница.
Директорот на болницата, Љубен Арсенков информира дека во најсериозна состојба е 31-годишно лице. Пациентот е стабилен, но се уште во животна опасност и е поврзан на апарати за дишење.
Во оваа болница е хоспитализирана и бремената жена, кај која состојбата е значително подобрена и е префрлена на одделение. Хоспитализираното десетгодишото дете е со висок процент на изгореници, но во релативно стабилна состојба.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ