
Уште еден смртен случај од корона вирусот во Македонија
Утринава почина 66-годишна жена од Струга, која била позитивна на корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство. Жената била тестирана вчера, и не ги дочекала резултатите. Сосотојбата и се влошила бидејќи имала срцево заболување, покачен крвен притисок и хронична болест.
Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.
Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден. Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница. Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај. Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19, се вели во соопштението од МЗ.
Инаку, до 12 часот има нови 22 случаи, со што бројот се зголеми на 241 лице.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје- 143
– Дебар – 45 од кои 2 починати
– Куманово – 20 од кои 1 починат
– Штип – 8
– Прилеп – 8
– Тетово- 4
– Охрид- 3
– Велес – 3
– Струга – 3 од кои 1 починат
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1