
Уште еден бегалец од правдата или дружба со Груевски во Будимпешта!?
Што прави Никола Груевски во слободно време е загатка, но кој го следи верно е појасно од синоќешната фотографија која се појави на социјалните мрежи. Александар Трајковски, советник во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, лојален партиски акивист и одличен логистичар. Така барем го опиша градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски, кој ни потврди дека Трајковски пред два дена е виден во општинската зграда, а редовно доаѓал на седниците на советот. Сликата од прошетката на Груевски и Трајковски паднала и во раце на надлежното обвинителство, коешто го испитува бегството на Груевски, а сега ќе бара и кој сликал.
Бегството на Груевски ги изнанеди полицијаците на министерот Оливер Спасовски, а оттаму до сега нема одгворност. Тој им се протна и на нивните колеги од Албанија и Црна Гора, кои сега треба да и помогнат на Русковска, за две недели да ја заврши и соопшти вистината.
Додека битката на терен ја води обвинителството, Минситерството за правда брои денови до одговорот од унагарските власти дали ќе го испорачаат Груевски.
Сопартијците молчат дали партијата му помага на Груевски или Трајковски му се придружил на бегалецот своеволно. На изненадување на јавноста, на само три ден пред бегството на Груевски токму Трајковски организираше масовен протест и бараше правда за него од пред Кривичниот суд.
СЈО обвини, но сеуште не докажа во процесот насилства пред општина Центар, кој требало да му врзе 2-3 шлаканици на тогашниот градоначалник Андреј Жерновски. На Обвинителната клупа еден до друг се Груевски и Трајковски. Но, тие се познаваат од одамна. СЈО процени дека за вакво дело како „Шлаканците во општина Центар“ да на бараат мерки за обезбдување, па така Трајковски се бранеше од слобода, а си го задржа и пасошот. Ако тој не се појави во понеделник на рочиште СЈО ќе бара притвор за Трајковски, велат оттаму.
Дотогаш останува неодговорено дали тој избегал од правдата, заминал за да се види со Груевски или одново е на службен пат. Самиот Трајковски го исклучи мобилониот телефон, а неговиот работодавач Царинската управа е на нозе, и испитува каде е Трајковски.
Павле Беловски