Уште двесте граѓани во изолација, 24 лица опоменати – не носеле маски

Речиси двесте граѓани во последното деноноќие биле уаптени во изолацијаили државен карантин, покажуваат податоците на МВР. Во државен карантин се спроведени 23 лица а ист број – по 84 граѓани, потпишале изјави за самоизолација или пак им било издадено решение за изолација. Полициските тимови биле во контрола кај 2.473 лица кои се воизолација или самоизолaција и сите биле затекнати на пријавените адреси.
Кога станува збор за полицискиот час, може да се каже дека граѓаните ја почитувале мерката бидејќи во целата држава само 29 лица биле затекнати на улица по 19 часот. Приведени се 23 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Од МВР додаваат дека по воведувањето на обврската за носење на лична заштита во текот на изминатите 24 часа опоменати се девет лица. Граѓаните ќе се опоменуваат до крајот на идната недела а потоа ќе издаваат казни во висина од 20 евра

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ