
Уште 4 фирми признале пред Фондот за иновации дека имаат сопственици функционери
760 илјади евра завршиле во раце на поранешни и сегашни функционери и членови на нивните семејства од фонодот за иновации. Една од фирмите „Т- сенс“ во којашто малцински сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми инкасирала 65 илајди евра за иновација за софтвер за продажба на производи на скандинавскиот пазар. Адеми и советничката на премиерот Цветанка Ласкова се единствените активни лица поврзани со власта. Ласкова е советничка на култура на Заев, а нејзината снаа Христина Керкез најмногу се „омрсила“ од четирите фирми кои по 15 дена рок за информирање на фондот признаа поврзаност со функционери. За 360 илајди евра државни пари фирмата за информатичка технологија „Декодиск“ планирале да развиваат апликација. Тоа нема да се случи во скоро време бидејќи фондот одново ќе ја разглдува одлуката која самиот ја донесе и им додели пари.
„Инвестициските проекти на овие четири компании ќе бидат повторно доставени на разгледување до Комитетот за одобрување на инвестиции, според критериумите за селекција и согласно правилниците на повикот. За останатите компании од првиот инвестициски бран што доставиле изјава во која нема носител на јавна функција и/или член на негово потесно семејство во сопственичката структура продолжува постапката за склучување на договори за реализација на инвестициските проекти“, велат од фондот.
Покуси не останале и функционери од поранешната власт. Акционерот во прилепски „Микросам“ и 11 годишен привлекувач на странски инвестиции во владата на Никола Груевски Веле Самак за употреба на робот во поставување криви ленти од фондот добил 360 илајди евра. За печатарски технологии 50 илајди евра се доделни на член на потесното семејство на поранешниот македонски амбасадор во Велика Британија Јован Донев. Оваа објава и преипитувањето на одлуките на фондот доаѓа две недлеи откако вицепремиерот Кочо Анѓушев по притисок на јавноста ја повлече фирмата која доби пари од фондот. Истото го стори и функционерот на СДСМ Хари Локвенец со неговата печатница. Додека трае постапката за 77 фирми и реоценувањето на овие четири фирми јавното обвнителство соопшти дека отвора предистрага за да испита дали е сторен криминал во распределбата на 10 милиони евра финансиска помош на мали и средни претпријатија. Од фондот најавија дека во следниот повик за учество на конкурс како услов ќе биде забрана за учество на функционери, кој се очекува да биде објавен наредниот месец.
Павле Беловски