Уште 117 граѓани испратени во изолација

Сто и седумнаесет граѓани во последното деноноќие биле уапетни во изолација поради примарен контакт со заболено лице од коронавирус или ризик од евентуално заболување, соопшти МВР.

„На 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, информираа од полицијата.

Забраната за движење односно полицискиот час делумно се почитувал бидејќи во последните 24 часа се затекнати 75 лица надвор од своите домови. Педесет и деветмина се приведени а на останатите им се земени податоци и ќе биде поднесена пријава.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ