Уредувањето на депонијата во Русино ќе почека

Уредувањето на регионалната депонија во гостиварско Русино ќе зачека.

Се уште се работи на првата фаза од проектот за управување со цврст отпад во полошкиот регион кој вклучува анализи и физибилити студии.

Нивната имплементација на терен е предвидено да се реализира во 2021 година. Освен работењето на Русино според сите стандарди се планира и изградба на пат, транспорттни станици во полог за собирање на отпад и слично.

Имплементацијата на проектто нема да влијае лошо на животната средина.

Ниту една од деветте општини од полошкиот регион нема депонија која работи според стандарди.  Со имплементацијата на проектот се предвидува сите општини отпадот да го собрат транспортираат и депонираат во Русино, за што ќе биде задолжено полошко јавно претпријатие, формирано од сите општини од овој регион.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ