Уредби без контрола, полиција што не контролира, невидлива тајна полиција, несоработка со верските заедници- зошто итно новото Собрание треба да донесе Закон за вонредна состојба

Новиот парламент најитно да донесе закон за вонредна состојба и да се регулира улогата на државениот кризен штаб, предлагаат од Факултетот за безбедност од каде професорска група го анализирала работењето на државните безбедносни институции за време на пандемијата и вонредната состојба.

Мора да се регулира и носењето на уредбите со законска сила, а експертскиот тим оценува дека системот за заштита и спасување потфрлил, дека агенцијата за национална безбедност била невидлива за епидемиолошките закани и дека Комисијата за односи со верски заедници не си ја завршила работата поради што МПЦ и ИВЗ останаа надвор од мерките и препораките.

Под итно е потребен закон за вонредна состојба кој ќе ги регулира сите празнини кои во времето на пандемијата се пополнуваат со импровизации. Ова според анализата на група професори од факултетот за безбедност е потребно за да се прецизираат владините уредби, но и да се кординира меѓународната помош.

Во вонредната состојба во државата има распуштено Собрание кое наместо да ја контролира владата со месеци не работи, а законот за вонредни состојби треба да биде прва задача за идните парламентарци.

На државата и треба реформа на системот за спасување и заштита составен од ДЗС и од ЦУК бидејќи потфрлил во најголемата криза. Исто така треба да се регулира местото и улогата на Бирото за јавна безбедност за да полицијата функционира како што треба, а не како што работеше во кризата, а исто така и да се уреди сосработката на армијата и полицијата.

Потребно е регулирање на полицискиот час, а невидлива била и новата Агенција за национална безбедност која не собирала доволно информации и анализи за состојбата и заканите во ковид време. Во кризата изостана соработка со верските заедници која во иднина треба да се подобри за да се избегнат опасните верски собири, а да се заштитат уставните права, истакна професорот Марјна Ѓуровски од Факултетот за безбедност.

Според него најголема одговорност лежи во Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи која има законска основа за дијалог и за соработка со сите религиозни заедници.

Нотирана е и опасноста од ширење на дезинформации и лажни вести, а се предлага и агенцијата за аудио визуелни медиуми да има соодветна улога и дејствување во кризна состојба. Професорите, анализата ја подготвувале повеќе од три месеци, а некои и директно учествувале во кризните штабови.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ