Урбанистичките планови го кочат туризмот во Охрид

Доколку Охрид оваа сезона имаше на располагање дополнителни пет илјади соби во хотелско сместување, сите ќе беа продадени, велат од ХОТАМ. Главна пречка што на ривиерата нема нови капацитети и натаму претставуваат урбанистичките планови велат хотелиерите. Тие уште минатата за проблемот ја известија владата до која доставија список на барања на кои се уште чекаат одговор.

Од министерството за економија велат дека владата и соодветните институции на централно и локално ниво работат на отстранување на административните бариери кои го кочат развојот на туризмот.

Експертите, пак, предупредуваат дека туризмот треба да се развива внимателно со примена на светските стандарди за одржлив развој, бидејќи прекумерното зголемување на бројот на туристи, може да доведе до катастрофални последици, што е случај со многу познати дестинации.

Со поддршка на Свисконтакт и министертвото за економија во Охрид подолг период се спроведуваат обуки на кои врвни експерти од Глобалниот совет за одржлив туризам при Светската туристичка организација на Обединетите нации и други меѓународни асоцијации на македонските туристички работници и претставници на институциите им ги пренесуваат знаењата за примена на стандардите за одржлив туризам.

Горан Момироски

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ