Урбан бургер бар за 3 дена подели 2000 оброци на деца без родители, бездомни лице и други ранливи категории граѓани

„Бесплатен оброк за деца без родители, социјални случаи, бездомни лица и останати лица кои не можат да си дозволат топол оброк“  – со овој напис напис и апел  за само три дена беа поделени 2000 оброци .

Сопственикот на барот Васил Неделковски и неговата сопруга дошле до идеа оваа година донираат и на ваков начин и да помогнам на ранливите категории на граѓани.

Дел од оброците , луѓето доаѓаат и си ги земаат сами.

Сепак поголемиот дел од храната која се донира вработените ја делат на граѓани за кои чуле дека бараат помош, децата кои питачат, бездомниците.

Вработените во  Урбан бургер бар и Неделковски ни раскажаа дека најчесто ги наоѓаат по скопските раскрсници и во парковите.

Секој кој има потреба од оброк може да дојде од 9 наутро до 16 часот. По овој пример своите врати ги отвори и млечен ресторан во населба Драчево каде што се дели топол појадок секој ден до 12 часот.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ