Управниот суд ја објави пресудата за рудникот Иловица
Управниот суд ја објави пресудата за рудникот Иловица. Откако активистите реагираа дека документот е сокриен од јавноста, претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, објави соопштение во кое вели дека пресудата била доставена до двете страни и објавена на сајтот на Управен суд. Сепак, кога контактиравме со Управниот суд и побаравме увид во пресудата, не рекоа дека ја има во одлуките, ниту под кој број е за да може веднаш да се провери.
Управен суд во образложението вели дека Второстепената комисија требало најпрво да одличи за барањето на Еуромакс за спојување на двете концесии, а потоа за брањето за дозвола за експлоатација на минерални суровини.
Министерството за економија денеска соопшти дека до нив не е стигната пресудата, а штом им стигне ќе одговорат во законски предвидениот рок.
Се уште стојат на ставот дека раскинувањето на договорот е оправдано и законски основано.
Активистите се сомневаат дека целиот случај е со корупциска заднина.
Концесионерот Еуромакс потенцираше дека нема да коментираат судски пресуди.
Сузана Мицева