
Здружението на судии најостро го осуди говорот на омраза на поглаварот на ИВЗ
Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, најостро ги осуди денеска нападите врз судиите кои доаѓаат од било која страна, особено потенцирајќи го, како што се вели во соопштението, говорот на омраза на поглаварот на ИВЗ, искажан на прес конференцијата одржана на 23.04.2019 година, кон судијата Сузана Дончевска, судија на Основен Суд Скопје 2.
Воедно, Управниот одбор на Здружението на судиите ги повикува сите надлежни органи да преземат соодветни дејствија, со цел да се обезбедат предуслови за владеење на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Северна Македонија.
Управниот одбор на Здружението на судиите истовремено нагласува дека надлежните институции, се должни да применат гаранции за заштита на интегритетот на судиите при нивното постапување.