
Управата за матично без директор, нема плата за вработените и регистрација на бракови за младите
Петстотини вработени во управата за водење матични книги не земале плата, а постои опасност од застој на издавање на документи за граѓаните. Управата повеќе од еден месец нема директор, ниту пак вршител на должноста кој ќе биде овластен да стави потпис, брифираат за Телма извори од управата.
Вработени од таму велат дека во застој се оставинските судски извршни постапки за кои управата има рокови, а постои опасност и за склучување бракови надвор од упрвата. Денеска таму како и вообичаено беше полно. Дел од граѓаните се жалат дека чекале подолго од вообичаеното дел пак велат дека завршиле работа во нормално време.
Од владата потврдуваат дека немаат кадровско решение засега, но велат дека наскоро управата ќе добие директор. Вработените пак го виделе огласот распишан од Владата но коментираат дека тоа значи уште минимум еден месец голгота за нив и граѓаните. Инаку до пред еден месец Ѓоко Котевски беше на чело на оваа институција, но од неодамна е назначен за директор на истражниот затвор Шутка. Пред заминување распишал оглас вработување на 25 на со договор на дело до крајот на 2018 та година.
Билјана Николовска