Уписот на првачињата во јуни, матурата уште виси
Уписот на првачињата се одлага за јуни, а во следните неколку дена ќе донесеме конечна одлука за тоа дали ќе се полага државна матура, изјави министерот за образование Арбер Адеми.
Министерот Адеми информраше дека системот за далечинско учење добро функционира и истиот ќе може да се користи и во иднина.
-Има голем интерес за едукативната програма која се на МТВ 1 каде се реализира наставна програма за сите одделенија од прво до деветто одделение, меѓутоа предност им е дадена на пониските одделенија. Исто така ја воспоставивме и платформата ЕдуУно за далечинско учење со видео лекции за основните и средните училишта, изјави Адеми.
Тој информираше дека досега на 30.000 деца во социјален ризик се доделени картички за мобилен интернет, како и компјутери на социјално загрозените за следење на наставата од дома.