
Упис во градинка по електронски пат
Родителите на децата од претшколска возраст од оваа година ќе можат и електронски да ги запишуваат во градинките, најави од Штип министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Во моментов граѓаните по електронски пат можат да извршат 127 услуги.