
Унивезитетите ќе останат без професори
Состојбата со недостатокот на асистенти и на стручно административен кадар на најстарите јавни универзитети во земјава Универзитетот„ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола е алармантна покажуваат најновите истражувања. Според Независниот академски синдикат доколку во Буџетот за идната година не се обезбедат дополнителни финансиски средства за вработување на професори и асистенти загрозен е опстанокот на овие универзитети .
Од 28 единици без Медицински и Стоматологија дури на 8 единици на УКИМ нема ниту еден асистент. На многу единици има по еден, два, што воопшто во иднина не е доволна бројка асистенти кои можат да ги заменат професорите кои ќе заминат во пензија. Слична е ситуацијата и во јавните научни установи тоа се оние научни институти кои не се во состав на универзитетите,
вели проф. д- р Маја Стефановиќ, претседател на НАкС.
На вчерашната средба со министерот Адеми Министерството за образование го задолжи НАКС во најбрз можен рок да го достави својот првичен предлог за колективен договор кој е во финална фаза за подготовка.
Тврдат дека ние имаме високи плати и дека не треба да имаме повисоки од тоа што го имаме. Меѓутоа ние подготвуваме докази , сфатете го ова како дел од една шпанска серија која ќе ви ги аргументира сите наши цврсти докази дека ова не е точно, дека немаме високи плати и дека треба да ни се зголемат платите,
вели стефановиќ.
На средбата со Адеми е побарано итно да се отвори и прашањето за подготовка на Законот за научно истражувачка дејност и формирање на Агенција за научно истражувачка дејност , чиј фонд ќе биде со најмалку ист обем и финански капацитет како и Фондот за иновации и технолошки развој.
Нина Стефанова