Универзална ќе се реконструира, Скопје повторно ќе има свое културно средиште

Нема да изгледа како јајце –Универзална сала ќе остане со оргиналниот изглед, но реконструирана. Додека се реконструира ќе остане затворена. Концерти нема да има.

„Нашата одлична соработка со Град Скопје, ќе резултира со објект кој ќе се изгради со максимална одговорност кон буџетот и парите на граѓаните, ќе биде максимално функционален, ќе придонесе за уште поголемо раздвижување на културната сцена и реализирање на потребите на граѓаните“ кажа Роберт Алаѓозовски – министер за култура.

„Изведбата и реконструкцијата е во завсиност од тоа кој проект ќе се избере. Постојат три досега изработени. Го наоѓаме оптималното решение, со цел да е што е можно подобро, поефикасно, побрзо и поевтино“ кажа Петре Шилегов – градоначалник на Град Скопје. 

Градот Скопје и Министерството за Култура се партнери во проектот. Ни едните ни другите не кажаа колку ќе чини изградбата. За сега велат дека не можат да се направат реални проценки.

Универзалната сала ќе го задржи своето име иако неодамна беше преименувана во Конгресен центар Александар Македонски.. Вкупниот долг на Универзална изнесува 200.000 евра. Тешката финансиска состојба според Шилегов е резултат на недоразработени проекти и необезбедени пари за изведба во минатото.

„Во 2019 година е планиран почеток на реконструкцијата на Универзална сала. Универзалната сала веќе две години е затворена за посетители“.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ