
Уништен зелениот покрив на ГТЦ
Зелениот покрив на Градскиот трговски центар е демолиран од страна на едно лице кое е снимено од безбедносните камери.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејбук профил објави видео од демолирањето.
– Зелениот кров на ГТЦ … И сторителот !!! Нема да застанеме заради вакви „луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не!!!, напиша Шилегов.
Инаку, лицето кое се гледа на камерата бил сопственик на хотел во ГТЦ, јавува порталот СДК.
Вработени во ГТЦ велат дека откако ги виделе снимките од безбедносните камери веднаш го препознале сторителот.
„Сопственик на хотел е лицето кое кршеше и уништуваше инсталации. Со ова лице извесно време имаме проблеми. Бараше од нас да му дозволиме градината која ја правиме да ја користи како тераса за неговиот објект. Хотелот веќе неколку месеци не работи, па сакаше да го пренамени во угостителски објект и дел од зелената градина да му биде летна тераса. Нормално дека не му дозволивме бидејќи овој дел од ГТЦ го правиме за сите граѓани, како место за рекреација и слободен влез за секого“, велат вработени во трговскиот центар.