
Официјална Будимпешта: Не коментираме индивидуални барања за азил кои се во процедура
„Ниту можеме да потврдиме, ниту да негираме. Ние не сме во можност да коментираме за индивидуални барања за азил кои се уште се процесуираат“, гласи одговорот од унгарската влада за Телма за тоа дали Никола Груевски се наоѓа во Унгарија и дали таму побарал политички азил. Иако владата во Унгарија ниту потврдува ниту негира дали е Груевски таму, информацијата дека не коментираат барања за азил кое е во процедура, укажува дека постои барање за азил од Груевски. Се чека македонското МНР да ја провери и инфромацијата барањето за азил, од каде наведуваат дека се во координација другите надлежни институции во земјава и дека постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата.
„Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана“, се наведува во соопштението од МНР.
По тридневната потрага по Никола Груевски да му се врачи решенито за одење на отслужување двогодишна казна затвор и вчерашното распишување на национална потерница по Груевски, денеска на неговиот фејсбук профил осамна пост дека тој се наоѓа во Унгарија.
„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, стои на профилот на Груевски.
Од македонските институции се уште нема потврда или негирање на оваа информациија, ниту пак за тоа дали можеби профилот на Груевски е хакиран и објавата е лажна.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Телма информираше дека информацијата се уште се проверува. Освен МВР надлежност во ваков случај има и Агенцијата за разузнавање која треба да ја потврди информациијата.
Од МВР наведуваат дека на грачничните премини не регистриран легален премин на Греувски, што и не е можно со огле дека судот му го одзеде пасошто како мерка за безбедност во случаите кои се водат против него. Тоа го отвора прашањето дали Груевски, доколку се потврди дека е во Унгарија, илигеално ја преминал границата или како во случајот на пребеганите Никола Бошкоски, Горан Грујeвски обвинети во случајот Таргет поседувал лажен пасош. Индикативно е тоа што и Бошкоски и Грујевски беа фатени со лажни пасоши на аеродромот во Солун, во обид да се качат на лет токму за Будимпешта.
Во тој контескт може да се каже дека актиелната влада на Виктор Орбан во Унгарија беше блиска до ВМРО-ДПМНЕ за за време на владеењето на Груевски, но и потоа. Орбан дојде лично да му даде поддршка на Груевски на последните локални избори, а по лидерската смена во ВМРО-ДПМНЕ го поддржа и антивладиниот митинг организиран од Мицкоски против Договорот за името, каде преку видео порака Орбан ја поздрави ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека таа има мудри и храбри лидери, кои нема да потклекнат под притисокот на странските сили.
Од Делегацијата на ЕУ во Македонија, чија земја членка е Унгарија, не сакаат да коментираат непотврдени информации и оти сега се на ниво на шпекулациија.
Тамара Грнчароска