
УНЕСКО препорачува Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство
Природното и културното наследство на Охридскиот регион да се стави на Листата на загрозено светско наследство препорачува УНЕСКО во Извештајот кој кој треба да биде разгледан на 43 сесија на Комитетот за културно наследство што од 30 јуни до 10 јуни ќе се одржи во Баку. Во документот се нотирани бројни забелешки за негрижата на светското заштитено наследство во Охрид, пред се во областа на урбанизмот. Извештајот не е неповолен туку реален велат екологистите. Тие потсетуваат дека УНЕСКО уште во 2017 испрарти препораки за мораториум на урбанизацијата на крајбрежјето, но и во внатрешноста, како и стопирање на легализација на дивоградбите, по кои не само што не постапено, туку и се игнорираат.
Ставањето на листата на загрозени подрачја значи дека мн државата ќе треба многу повеќе да раоти на отстранување на нотираните забелешки, но овој пат под силен мониторинг, посочува Бујароска.
Штетата која е направена со игнорирање на препораките на УНЕСКО е голема и негативно влијае на универзалните вредности кои ги поседува Охридскиот регион, вели Бујароска. Таа посочува дека евентуалното исклучување на Охрид од УНЕСКО исклучиво зависи од нас самите, односно од градоначалниците на Охрид, Струга, и Дебрца, граѓаните и бизнис секторот, пред се градежните компании, како и од државата која засега не успева да воспостави ефикасни контролни мерки за заштита согласно законите, со што во опасност од уништување се доведува непроценливото богатство на Охридскиот регион старо 4 милениуми.
Горан Момироски