
Украдени новозасадените дрвца кај поликлиника „Чаир“
Непознати сторители изминатата ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ во Скопје кои беа засадени во текот на вчерашниот ден.
Од град Скопје велат дека е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено.
Инцидентот е пријавен во полиција, а на местото на украдените садници од Паркови и зеленило велат дека ќе засадат нови. Апелираат до граѓаните да не го уништуваат зеленилото кое треба да придонесе за почиста животна средина.