Украдена ѕвездата на Горан Пандев од струмичкиот плоштад

Украдена ѕвездата на Горан Пандев од струмичкиот плоштад. Граѓани коишто утрово минувале низ плоштадот Гоце Делчев  забележале дека недостасува бронзената плоча со името на фудбалската ѕвезда при што ги алармирале општинските служби. Струмичани се лути што е украден симболот на нивниот миленик.

Од општина Струмица информираат дека случајот е пријавен во полиција. На градскиот плоштад има поставено и камери, кои најверојатно ќе бидат прегледани за прибирање докази за случајот.

Ѕвездата на Пандев стои на плоштадот од неговата изградба во 2010 година, откако тој со тогашниот клуб Интер ја освои Лигата на шампиони и Светскиот куп.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ