
Укинати се трговските бариери меѓу Косово и Македонија
Пред неколку часа добивме писмо од Косово, во кое се потврдува дека ги укинуваат бариерите за увоз на мед и компир од Македонија, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Од Косово испратиле и документација за стандардите за рибата и рибниот подмладок, како и тоа дека се врши мониторинг и со тоа Косово е вратено на листата земји од кои Македонија може да увезува риба и икри.