
Укинати се трговски бариери помеѓу Косово и Македонија
Косово ја укина забраната за увоз на мед и компир од земјава, а Македонија повторно го стави Косово на листата земји од кои е дозволен увоз на икра и подмладок од риба.
Бектеши уште еднаш потврди дека нема штета од забраната која беше воведена пред околу еден месец.
На 16 август Косово забрани да се увезува компири и мед од Македонија , како одговор на забраната што земјава ја воведе за увозот на риба за порибување од кај нив. Две недели подоцна, министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала испрати писмо до Бектеши со кое го информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово ги испратила потребната документи до нашата агенцијата ,со кои се докажува дека се исполнетаат условите за увоз на икра и материјал за порибување.
Теодора Цветковска