Укината затворската казна за дедото на малата Тамара

По жалба на одбраната на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, апелација одлучи да му ja укине затворската казна од 7,5 години која му беше определна за обидот за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Апелација одлучи судењето да почне одново. Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.

За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ