Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Предлогот за укинување на притворот бил поднесен на 12.09, а предложена е мерка на претпазливост.

По разгледување и ценење на предлогот истиот е уважен од судија и мерката куќен притвор е укината, а определени се други поблаги мерки за претпазливост, соопштуваат од Судот.

Кривичниот Суд му одреди куќен притвор на Јакимовски во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во периодот од 2011 до 2017 при постапување по барање за утврдување правен статус на објекти лоцирани на ул. „Илинденска“ воп Скопје.сст/са/

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ