Укинат домашниот притвор на Камчев

По два месеца во затворот во Шутка и два во границите на својот дом бизнисменот Орце Камчев ќе се брани од слобода.  Врховниот суд го укинал домашниот притвор за него но и за уште двајца осомничени од Империја Цветан Панделевски од Пелистерка и Ненад Јосифови, велат судски извори за Телма. Иако од Врховен се уште официјално не ја соопштуваат одлуката според нашите информации дека меѓу 5 мината врховни судии во кривичниот совет, имало дискусија но на крај сепак одлучиле да им го укинат куќниот притвор. Главен аргумент било токму начелното правно мислење што неодамна го донесе самиот Врховен суд, според кое на СЈО му е истечен рокот од 18 месеци за обвиненија и истраги.

Следен кој чека на ред ослободување од домашен притвор е ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков кој уште во петокот поднел жалба до Врховен.  И тој е осомничен во Империја,  предметот во кој СЈО истражува милионски суми на перење пари, измами, оштетување на доверители, злосторничко здружување, сторени од 2002 година до 2013.

Мијалков во петок ќе ја слушне и првата пресуда за случајот Титаник два.

Сите 4 ца осомничени во Империја, речиси два месеца беа во Шутка но потоа на предлог на СЈО пред Нова година беа пуштени во домашен притвор .

Пред да донесе одлука Врховен побара мислење од редовното обвинителство за куќниот притвор а не од специјалното  токму поради начелното правно мислење, дека СЈО не е овластен тужител. Јовески и го препрати мислењето на Јанева со обралзожение дека Империја е во надлежност на СЈО и држравното обивнителство не може да води нивни истраги додека СЈО писмено не ги овласти.

Во министерството за правда има нацрт закон со кој на СЈО му се остава да продолжи со истрагите отворени по 30ти јуни 2017 за на тој начин да се надмине мислењето на Врховен но ова законско решение се уште нема 2-3 поддршка од политичарите.

 

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ