УЈП тивко и на мала врата ги регистира граѓаните како ДДВ обврзници

Не стивнуваат реакциите во јавноста околу обврската, физичките лица кои оствариле промет над 1 милион денари да се регистрираат како ДДВ обврзници.Дел од експертската јавност нема дилеми дека претходно требаше да се дефинира што е тоа стопанска дејност но и да се подигне прагот за оданочување.Ставањето на програмерите и хонорарците на ниво на самостојни вршители на дејност,според даночниците и социјалните активисти, значи креативно толкување на нешто што законот не го подразбира.

„Овој приход и промет од аспект на ДДВ не е оданочив. И 2 милијарди евра да има од странство не е промет туку приход. Прометот паѓа кај корисникот во странство, а таму УЈП нема ингеренции и не пресметува ДДВ“, смета Павле Гацов, даночен експерт.

„Се можеше да се направи преку прогресивно оданочување вака се одземаат пари од луѓе што работат, а богатите пак не се оданочуваат. Мерката ќе се користи како оправдување зошто не се воведе прогресивно оданочување“, кажа Здравко Савевски -Левица

Бројни дилеми има и пред членовите на Надзорни и Управни одбори.Ако се знае дека државата има десетици одбори дали тие луѓе прашува Гацов вршат стопанска или самостојна дејност?

„Не е благодарно да речат дека земаат по 6000, и да се 1 милиолн, прашањето е дали ќе се регистрираат за ДДВ? Дали е тоа самостојност или директива на владата како да гласаат? Секој треба да се стави во чизмата на даночниот обврзник за да го разбере проблемот. Вакви школски елаборации ќе дадат само лош ефект. Дали треба, УЈП вели да, јас не, зашто нема ниту стопанска дејност ниту самостојно одлучување“, додаде Гацов.

Иако законот се применува од 1 април 2000 година, УЈП лани првпат побара физичките лица да се регистрираат како ДДВ обврзници, но немаше казни за тие што тоа не го сторија. Оваа година имаше интернет објава на три дена пред истек на рокот но засега нема информации колку физички лица се регистрирале и дали ќе има казни за нерегистрираните. Обврската за регистрација се однесуваше на лица кои заработуваат над еден милион денари годишно или 16,200 евра што месечно изнесува 1400 евра како вештаци, стечајни управници, врз основа на наемнини, авторски договори, договори ан дело, членување во НО и УО, земјоделска дејност.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ