УЈП ги контролира фирмите што му дале пари на Меѓународниот сојуз на Боки 13

Сопствениците  на струшката фирма  Дрим Билдинг прептладнево дваипол часа  одговараа на обивнителските прашања за случајот Рекет. Паралелно инспектори на УЈП ги проверуваа документите во нивната фирма поврзани со Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Од УЈП потврдуваат дека се проверува деловната соработка мешу фирмата и невладината на 01.01 2017 до крајот на август годинава. Контролата во струшката фирма почнала почнале од вчера а потребата да се се прочешла документацијата се наметнала по контролата која ујп минатата недела ја правела во Меѓународниот сојуз но и фирмите БМЈ и Томато.

Сопствнеиците Ардијан Амзоски и Ресул Лога утринава ја избегнаа камерата на Телма. Амзоски рече дека ќе даде изјава на крај но обвинителството за организиран криминал го напушти низ еден од трите излези каде немаше новинарски екипи.

Од Дрим Билдинг  неодамна соопштија дека  на Мегународниот сојуз му уплатиле 261.000 евра на Меѓународниот сојуз врз основа на договор за стратешко партнерство и деловна соработка. Но меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ како координатор на проектот не го испочитувале договорот и одбија доброволно да ги вратат парите поради што фирмата ги тужи и си ги бара парите преку граѓанскиот суд.

Амзоски кој е и оштетен во предметот на СЈО ТНТ за уривањето на Космос ги демантираше и обвинувањата  на екс граодначалникот и обивнет Тони Трајковски кој тврдеше дека Амзопски и да пари на јанева за да бидеп овлечено обивнението против него.

Амзоски и Лога биле повикани во својство на лица кои треба да дадат потребни известувања. Ова беше статусот и на вчера сослушаните. Бизнисменот Силјан Мицевски и водителката Лила Филиповска.

Неофицијално дознаваме дека утре исказ ќе даде и пратнеичката Фросина Ременски која е и почесен претседател на Мегународниот сојуз. Ова покажува дека обивнителствот почна да ги испитува и дејствувањата на невбладината на боки 13. Претходно  истрагата беше сконцентрирана на парите земени од бизнисменот Орце Камчев и во тој дел се осомничени и Јовановски Милевски и Јанева.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ