Угостителите во Дебар бараат зелено светло за работа

Во општина Дебар околу 4о дена , нема болни од вирусот Ковид 19 , и во моментов има само 3 лица кои се во домашна  изолација бидејки се пристигнати од странство . Оваа го изјави градоначалникот на Дебар  Хекуран Дука по состоанокот на општинскиот кризен штаб .  Надлежните здратствени институции истакнуваат дека  повеке од еден месец нема пациоенти кои имаа симптоми на Коронавирусот .

Сепак и покра оваа повиолна состојба неоходно е населението да ги почитува мерките на владата за носење на маски, што во голем број не се почитува. Токму во оваа насока градоначалникот денеска побара неопходно почитување на мерките бидејки како што рече МВР ке превзема ригорозни мерки против оние кои не ги почитуваат овие мерки .

Исто така  првиот човек на општината кој го раководи и штабот, информираше дека градот има проблеми со подметнување на пожари  на градската депоија ,со што се создвата голем проблем по здравјето на дебарчани .  Тој побара од надлежните да го пронајдат лицето или лицата кои намерно  ја потпалуваат депонијата . И овој пат Дука говореше и за проблемите соп рестрикцијата на водата за пиење во време на пандемија.

Инаку дебарските угостители денеска во 12 часот ги отворија своите локали и притоа емитуваа музика со висок тон во знак на револт што тие и понатаму немаат право  да ги отворат своите ресторани , кафулиња и други угостителски објекти . Оваа активност е кординирана со Гастрономската комура на РС Македонија , информираа  угостителите во Дебар и регионот . Според соптвениците на угостителските објекти во Дебар

Сопствениците на објектите изјавија дека цели три месеци во Дебар овие објекти се затворени, веднаш по појавата на првите НА 26 ФЕВРУАРИ кога беа регистрирани и првите болни  од Коронавирус . Штетите се големи а веке се отпуштени поголемиот број на вработени .

Кeнан Мимидиноски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ