
Угостителите со последни подготовки пред утрешното реотварање на локалите
Кафулињата, рестораните и кафеаните забрзано се подготвуваат пред утрешното реотварање. Терасите и бавчите се чистат, се редат масите на безсбедна оддалеченост а некаде се поставуваат и паравани, се дезинфицираат столчињата и инвентарот. Нарачките за пијалаци, овошје, зеленчук и месо се испратени за да се дополнат шанковите и фрижидерите.
Вака денеска изгледаше Кејот крај Вардар каде утре по речиси два и пол месеци пауза ќе седнат првите гости.
И во Дебар Маало течеа последните подготовки се отвараа терасите и се редеше инвентарот
Угостителите велат дека со новите протоколи за работа и намалениот број на маси и капацитет на гости нема да има никаков профит но сепак ќе отворат за да се врати навиката кај граѓаните за социјализирање со кафе или ручек на маса.
Протоколите за работа се следни, на една маса може да има најмногу до 4 лица, масите треба да зафаќаат простор од најмалку 9,6 метри кавдартни, задолжително средство за дезинфекција на секоја маса, лице за спровод на гости за да се избегне непотребно шетање во терасите и бавчите, често миење на раце на персоналот и контроли.
За сопствениците на кафулињата важи истиот протокол како и за рестораните и кафеаните без разлика што нема да послужуваат храна.
Дел од нив се незадоволни од раболтното време и сметаат дека со укинувањето на полицискиот час тие треба да работат до полноќ односно до 1 часот наутро.
Владата пак со преодно решение, и два часа плус за работа – до 20 часот
На угостителите им беше наложено да престанат со работа на 15 март, најдолго беа на ударот на рестириктивните мерки и претрпеа сериозни финансиски штети.
Првиот човек на МВР, Наќе Чулев, пак најави дека во перидот кој следува ќе има засилени контроли во угостителските објекти кои ќе бидат во содејство со повеќе инспекторати.
Со укинувањето на полицискиот час, од ЈСП соопштија дека се враќа редовниот нормален возен ред а за пензионетрите бесплатните возења стартуваат од задутре.
Огнен Чанчаревиќ