
Угостителите се подготвуваат за отворање, се договара протоколот за работа
Вратите затворени,чадорите спуштени но терасите поставени. Вака изгледа Дебар Маало и двете боемски улици додека се чека на договор меѓу надлежните и угостителите за реотварање на објектите, нешто што очекуваат голем дел од граѓаните. Сега веќе не е прашање дали туку кога и под кои услови ќе работат кафетериите и кафеаните.
Министерството за здравство во склоп на олабавување на рестриктивните мерки, направи првичен план како би работеле угостителските објекти и тој е доставен до Стопанските комори и угостителите. Во него се предвидени заштини мерки а угостителите пак имаат свои идеји и решенија. Почнати се заеднички консултации од кои треба да излезе протокол за работа а потоа и рестартирање на угостителските објкети.
Отворени прашања има многу, како што е носењето на заштина маска кое е задолжително и како тоа би се извело во угостителските објекти, со колкав капацитет бил работеле и дали во првата фаза би се отвориле само терасите но и работното време со оглед дека на сила е полициски час.
Од комората велат дека засега битно е да се почне иако во старот угостителите ќе работат со загуба.
Ангеловски смета дека ќе биде клучно граѓаните да сфатат дека угостителските објекти ќе бидат безбедни и додаде дека очекува повторното отварање да биде до крајот на месецот.
Министерот Филипче пак кажа дека временска рамка засега нема а последниот збор ќе го имаат токму епидемиолозите.
Огнен Чанчаревиќ