
Ученик во тетовско школо бил нападнат од тројца соученици
Ученик од Основното училиште Лирија во Тетово бил физички нападнат со тврд предмет од тројца негови соученици.
Инцидентот се случил вчера околу 12 часот и 30 минути, по завршување на големиот одмор, во ходникот на училницата во која учел.
Едниот од нив и по завршување на настава се обидел уште еднаш да го нападне ученикот, информираат од полицијата.
Инцидентот го потврдуваат и од раководството на училиштето, од каде истакнаа дека веќе се преземаат педагошки мерки против напаѓачите.
Неодамна на јавна трибина психолозите и педагозите констатираа дека агресијата кај децата односно врсничкото насилство зема се поголем замав.
Ваквото однесување според нив најчесто е резултат на расправиите и физичкото насилство меѓу нивните родители, но и се почестите видео игри кои ги користат децата
Дополнителен проблем според нив е тоа што во училштата нема доволно кадар како психолози и педагози кои треба да работаат со децата.
Полицијата за последниот инцидент во Основнот училиште Лирија, вели дека ги презема сите мерки за расчистување на случајот.
Зоран Димовски