УБК зад грб му правела досие на Спасовски додека тој бил технички министер

Додека бил технички министер, УБК го следела и му правела досие. Ова го откри министерот за внатрешни работи Спасовски на денешната собраниска комисија за безбедност на која се расправаше за реформските закони со кои УБК ќе биде заменета со национална агенција за безбедност.

Спасовски ова го соопшти кога се разговараше за начинот како УБК, односно новата агенцијата да се исчистат од луѓе кои имаат извршено кривични дела или извршиле злоупотреби во службата. Опозицијата бараше пристапот за проверка да не се претвори во реваншизам.

Опозицијата но и сите останати пратеници ја поддржаа потребата од носењето на реформските закони за тајните служби. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од независната група имаат свои забелешки на актуелните верзии на законите за национална агенција за безбедност и за координација на разузнавачката заедница, но тие ќе ги предложат и како амандмани. Најголеми замерки се за надзорот на новата агенција и за техничката опрема која ќе може да се користи во итни акции. Планот е со новите закони да се спречат злоупотреби на службата, а новата агенција треба да се пресели од МВР, да го смени името и да почне со работа од први јуни.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ