УБК се одвојува од МВР

Управата за безбедност и контраразузнавање ќе се одвои од МВР.  Отсега ќе функционира како посебно и независно тело што ќе има превентивна, а не репресивна функција, со јасна поделба на овластувањата и автономија во истрагите.

Професионалците велат дека беше крајно време ова да се случи.

Но, формирањето на новата институција  повторно го става под знак прашалник неодамнешното формирање на Оперативно техничката агенција, со која ќе им се преклопуваат надлежностите околу прислушувањето и тајното следење. Како еден од апсурдите, Ѓурчески го посочува изборот на директорот на ОТА во Собранието со двотретинско мнозинство, а на Републичкиот јавен обвинител, кој всушност му е претпоставен, со просто мнозинство. Смета дека ОТА е непотребен проект.

Експертите посочуваат и дека, покрај дуплирањето на надлежностите со другите служби, недостаток на новата институција може да биде и недоволната соработка и координација, како и неможноста современите предизвици да се дефинираат чисто како „внатрешни закани“ или „надворешни закани“ што, пак, се под надлежност на Агенцијата за разузнавање. Потенцираат дека, сето ова треба прецизно да се регулира со закон.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ