
Убиено 23 годишно момче од Струга
23 годишно момче од село Поум, струшко, денес доцна попладне починало од истрели од огнено оружје.
Околу 18.40 часот, У.В. (роден 1997) од с. Поум, пукал кон З.Б. (1996) и В.Б. (1973) како и кон други лица.
З.Б. починал, а В.Б. е пренесен во медицинскиот центар во Струга – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
У.В. сам се пријавил во полициската станица во Струга и е приведен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.