Уапсени поранешен министер, нотари и службеници во транспорт за проневера со хотелски парцели и со Шпанските скали

Десетина лица, меѓу кои и поранешниот министер за трансорт Миле Јанакиески утрово се приведени во акција на оддделот за организиран криминал при МВР и Обвинителството за организиран криминал.

Станува збор за истрага за оттуѓување, односно продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот е оштетен за над 2,5 милиони евра.

Меѓу уапсените, покрај државните службеници од транспорт, вработени во катастар и нотари, има и еден сопственик на фирма, како и државен правобранител со надлежност за град Скопје. Откриените нелегалности се однесуваат на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје. Проневера е извршена  и со парцелата на која требаше да се градат шпанските скали во центарот на Скопје. Еден осомничен досега не е најден и прииведен, а останатите во моментов се во суд.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ