Уапсен велешанецот кој пукаше во полицаец

Утрово е уапсен велешанецот кој беше осомничен дека вчера пред црквата Свети Спас застрела полицаец кој бил на службена должност. Според информациите на МВР станува збор за триесет и едногодишниот Ѓ.Ќ. против кого во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Како што информиравме, инцидентот се случи вчераутро во близина на градските гробишта каде е и црквата „Свети Спас“. Четириесет и шестгодишниот полиацец и неговата колешка биле  во близина на грабиштата поради голем број на поплаки и пријави од граѓани дека биле ограбени во тој реон. Полицајците забележале четири лица за кои се посомневале дека се крадци а инцидентот настанал кога тие се обиделе да ги легитимираат. Четворицата ги нападнале полицајците а уапсениот му го зел пиштолот и од непосредна близина го застралал два пати во стомакот.

Ранетиот полицаец беше пренесен на скопските клиники и е надвор од животна опасност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ