
Уапсен осомничениот за убиството во Мала Речица
Уапсен е сопругот, осомничен за убиството на жената во Мала Речица, тетовско.
Тој е уапсен доцна попладнево, во тетовското село Гајре, а кај него се пронајдени и одземени, пиштол и ловечка пушка.
Онесен е на распит во полициска станица во Тетово, а утре ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во тетовскиот суд.
53-годишниот маж е осомничен дека синоќа околу 22 часот, ја застрелал својата сопруга, додека била на гости кај нејзините родители во Мала Речица, а при излегувањето од куќата пукал и кон таксист, кој не го погодил.
Неофицијално наши извори говорат дека таксистот ја застрелал сопругата за која имал информации дека го изневерувала со неколку лица. Едно од нив бил и возачот на таксито кон кого пукал, но не го погодил.
По наредба на јавен обвинител, телото на жената е веќе предадено на обдукција. За време на увидот пронајдени се траги кои ќе се вештачат. Според чауиртие од испуканите куршуми, утврдено е дека осомничениот го поседувал пиштолот без дозвола.