
Уапсен извршител на 127 кривични дела- кражби и разбојништва
37-годишен кавадарчанец е уапсен од полицијата откако е утврдено дека е извршител на троцифрен број на кривични дела.
Уапсениот главно вршел кражби, тешки кражби и разбојништва низ повеќе градови во Македонија, а цел му биле и станови во Скопје.
Кавадарчанецот со нож ја нападнал девојката што од полицијата е окарактеризирано како уште едно кривично дело -обид за убиство.