
„Тврдина -Таргет“ одложено за 4 декември, кратко времето за спровод на Мијалков
Поради краткиот временски период за доставување барање за спровод на поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков од притвор, денешното рочиште за „Тврдина -Таргет“ за незаконското следење на комуникациите е одложено за 4 декември годинава.
Според информации на Телма во решението со кое што му е определен притвор на Мијалков, стои дека имало оперативни сознанија оти може да се даде во бегство бидејќи преземал активности кои укажуваат на тоа. Но исто така во решението се повикауваат и на допис од Управата за финансиско разузнавање дека на две сметки, на едно правно и физичко лице блиски до Мијалков, имало над 11 милиони евра, и имало сознанија дека иако се на други имиња, сепак се во сопственост на Мијалков.