
Туск: ЕУ да си ја заврши работата, Северна Македонија ја заврши својата
Со надеж дека заедно идниот месец ќе го прославата датумот за старт на претовори за земјава, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и премиерот Заев од Скопје со порака до европските лидери да си го завршат својот дел од работата. Туск им го порача тоа без ракавици.
„Скопје е најдоброто можно место од каде би ги повикал лидерите на ЕУ: Сега вие завршете го својот дел, бидејќи Северна Македонија веќе го заврши својот“, рече Доналд Туск, претседател на Европскиот совет.
Тој тоа го аргументираше со промените кои ги направила земјата во изминатите гопдини, од справувањето со мигрантската криза, преку договорите со Бугарија и Грција, но и во делот на владењето на правото.
„Вашата земја во последните две години направи се што се очекуваше од неа со цел да можат да се отпочнат преговорите, согласно препораките од Европската комисија. Вашата земја направи се. Сакам да биде кристално јасно дека не постои сомнеж во Брисел за вашата политичка посветеност кон владеењето на правото и борбата против корупцијата. Секако, секој може во секое време и секаде да направи повеќе, особено кога станува збор за имплементација, но ние многу добро знаеме дека вашата влада е доследна во тоа, исто како и во контекст на продолжување на работата на СЈО“, изјавиДоналд Туск, претседател на Европскиот совет.
Туск од европските колеги побара да не биде залудно импресивното достигнување кое го направила земјава.
Премиерот Заев пак побара земјите-членки да се одважат и по 10 препораки за преговори и позитивни извештаи за земјава, конечно да и дадат датум за преговори во октомври
„Нашите очекувања и амбииции за Советот на ЕУ на 15 и Европскиот совет на 17 октомври се одлука за преговори без понатамошно одложување“, рече Зоран Заев, премиер на РСМ
Тој набројувајќи што се досега направила земјава на патот кон ЕУ, во контекст на владеењето на правото, не ги прескокна ни законот за ЈО, но и случајот „Рекет“.
„Во тие рамки ја гледаме и дебатата и за законот за Јавно обвинителство. Случајот „Рекет“ е силен тест за судството и за успех на реформите. Институционалното разрешување на овој и на сите случаеви ќе ја докаже независнота на правосудниот систем и јаката политичка волја против коруипцијата. Тоа е европскиот начин и начин на правната држава и владеење на правото“,изјави Зоран Заев, премиер на РСМ.
Туск освен со Заев во неколкучасовната посета на земјава се сретна и со претседателот Стево Пендаровски од кого исто така, како што се наведува во соопштението од кабинетото на шефот на државата, слушна за тешките одлуки кои ги донела земјава во изминативе две години, по што очекувањата се Европскиот Совет во октомври да да и даде датум за преговори на земјава.
Тамара Грнчароска