
Турција очекува поддршка од Македонија за нејзината офанзива во Сирија
Турција е разочарана од Македонија по две основи, за недобивање поддршка за нејзината офанзива во североисточна Сирија, но и за неиспорачување на луѓето кои Анкара побара земјава да и ги екстрадира поради поврзаност со организацијата Фето.
Амбасадорката на Турција во земјава, Тулин Еркал Кара, денеска рече дека Анкара очекувала поддршка од Македонија за офанзивата која во Сирија се води за да се сузбијат ПКК и на други курдски организации кои Анкара ги смета за терористички за да се формира безбедна зона во која би се вратиле бегалците од Сирија кои се наоѓаат во Турција.
„За жал во ситуацијава можам да кажам дека државните претставници на Северна Македонија првин ги очекуваа изјавите од претсавниците на ЕУ и нивните изјави беа во таа паралела“, изјави Тулин Еркал Кара, амбасадор на Турција.
За отуството на меѓународната поддршка за офанзивата Кара меѓу другото рече дека сите соседни земји требало да покажат посолидарен став од самиот почеток на ситуацијата, возвраќајќи со прашање дали би било подобро Турција да ги отвори границите за 3,6 милиони бегалци кои се наоаѓаат на нејзина територија.
Втората работа за која таа изрази жалење дека не ја добиле од земјава, се 15 лица кои таа и ги побара поради поврзаност со оргазнизацијата Фето, која Турција ја прогласи за терористичка.
„За жал од страна на Северна Македонија не е прифатено ниедно барање за екстрадиција и нашиот министер за национална безбедност упати поракии за серизоноста на оваа ситуација“, рече Тулин Еркал Кара, амбасадор на Турција.
Кара за офанзивата во Сирија за која рече дека е по сите меѓународни закони и за заштита на човековите права рече дека однела четири животи на војници и 20 на цивили од Турска страна, а има 637 неутрализиран курдски припадник, не кажа колку цивилни жртви има во Сирија.
Тамара Грнчароска