
Туристите ја напуштаат Грција
Вистински пекол преживеале туристите кои синоќа се нашле среде невремето што ги зафати туристичките места во Халкидики. Од силниот дожд и ветер не се гледал прст пред око, а насекаде летале дрвја, делови од кровови, прозорци и огради. Страшни искуства споделија дел од туристите кои денеска ја минуваа македонско – грчката граница.
Големото невреме најмногу го зафатило. Оние што биле на одмор на други туристички локации на Егејското Море, имале пријатен одмор, а за големата штета и трагедија разбрале од медиумите.
Со полн капацитет работат контролните кабини на граничните премини. Протокот на патници се одвива без застои и долги чекања.
Во синоќешното невреме настрадаа седумина туристи, а дваесетина се повредени. Грчките власти препорачуваат да граѓаните да не се движат непотребно низ улиците и патиштата во погодените туристички места дури не се нормализира состојбата.
Сузана Мицева