Цвеќарската индустрија во земјава пред колапс поради ковид-19

Пред колапс производството на цвеќе во земјава. Цвеќарската индустрија поради коронавирусот предупреди дека се соочува со финансиска катастрофа и со опасност од целосено пропаќање на оваа гранка. Зружените производители на сезонско саксиско цвеќе, режано цвеќе и саден материјал од повеќе региони во земјата, преку соопштение информираа за загрижувачката состојба во нивниот земјоделски сектор, предизвикана од ковид-19 и мерките кои се на сила и неможноста на граѓаните (клиентите) да дојдат до нивните производи.

Од таму информираат дека по интензивни консултации со потсекторската група на производители на цвеќе и украсни растенија формирана при МЗШВ, предложиле сет на мерки со кои бараме итна и конкретна реакција од министерстото за земјоделство, министерството за економија, министерството за финансии, Владата и кризниот штаб, а во интерес на нивниот опстанок и егзистенцијата на стотици вработени во овој сектор.

Инаку оваа алтернативна земјоделска гранка брои десетици компании, стотици вработени, огромни вложувања во опрема и инфраструктура, а во споредба со другите земјоделски гранки изложена е и на највисоки оданочувања, информираат од цевќарската индустрија во земјава. Тие притоа апелираат до граѓаните да продолжат со купување на нивните производи за да се спречи колапсот на оваа гранка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ