
Цунами од граѓански пријави за корупција-недостигаат капацитети
Антикорупциската комисија има надлежност да ја испитува имотната состојба на судиите и обвинителите, но во моментов нема технички услови.
Опремата добиена од Европската унија ги чека новите простории, а без неа е невозможно поврзување со 17-те институции кои ги поседуваат податоците. Антикорупционерите укажуваат и дека, им се случува цунами од граѓански пријави за корупција, но не е добро сите да бараат од нив да ги решат проблемите.
Минатата година се поднесени и 338 пријави против вработени во МВР, за утврдување на дисциплинска одговорност.
Најчесто се однесуваат на сообраќајната и на граничната полиција. Но,полицајците се` уште се штитат едни со други.
Корупцијата на Царината им одговара на сите, а слична е ситуацијата и во социјалата.
Интересно е што корупција најмалку се пријавува во здравството кое меѓу граѓаните важи за коруптивно легло.
Заклучок од дебатата е дека, граѓаните се` повеќе се осмелуваат да пријавуваат корупција, но таа е системски проблем и мора да се решава на сите нивоа.
Далиборка Демјанска Цветановска