ЦУК: Се интервенира на пожарот на Скопска Црна Гора но, ветрот го шири огнот

Во врска со пожарот на Скопска Црна Гора, во местото викано Влајингроб, од ЦУК информираат дека екипи на БППЕ на Град Скопје интервенираат на гаснење на пожарот, но поради ветрот и непристапниот терен гаснењето е отежнато. Пожарот се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Гори сува трева и мешана шума.

Од страна на општина Гази Баба упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на ДЗС во раните утрински часови.

Екипите на БППЕ ќе останат на лице место во текот на ноќта за да го контролираат ширењето на пожарот, соопштуваат од Одделение за односи со јавност на ЦУК.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ