„Црвено црните“ најдоа замена за Македа на позицијата десен бек

Рускиот репрезентативец, Димитри Кисељев (23 години) во следните две сезони ќе го носи дресот на Вардар, соопштија денеска од клубот. Кисељев доаѓа од Санкт Петербург и со „црвено црните“ ќе ја започне интернационалната кариера.

По Сташ Скубе и Сергеј Горбок тој е третиот руски ракометар што ги засили редовите на македонскиот првак и ќе настапува на позицијата десен бек како замена за Хорхе Македа.

Претходно, четворица членови на првиот тим, Стоилов, Шишкарев, Поповски и Ѓорѓески ги продолжија договорите со „црвено-црните”.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ