ЦО на СДСМ усвои декларација за поддршка на бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно усвоил декларација со која се дава поддршка на највисокото раководство на партијата но и на останатите институции да продолжат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и за јакнење на правната држава, изјави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

-Последните случувања покажуваат дека постои целосна заштита и нов механизам, кој функционира на релација граѓани-обвинителство-МВР, кој може да се справи со криминал и корупција, нагласи Николовски, додавајќи дека сите се еднакви пред законот.

Нагласува дека ЦО го реафирмирал ставот дека СДСМ како одговорна партија нема да дозоволи закочување на реформите, напредокот и правдата, како што прават Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањата дали има сознанија кои се Кики и Фрики, за кои се тврди дека се високи функционери од СДСМ вмешани во „Рекетот“ на Бојан Јовановски и Зоран Милески, Николовски избегна да даде директен одговор нагласувајќи дека ЦО донел декларација, која застанала во одбрана на функционирањето на правната држава и правниот систем.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ