ЦК на ВМРО – ДПМНЕ предложи исклучување на Мијалков и Тодоров од партијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНе донесе предлог да бидат исклучени Сашо Мијалков и Никола Тодоров, истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, потврдија за Телма партиски извори.

Сашо Мијалков со години беше еден од најмоќните функционери на партијата и долгогодишен директор на УБК.

Никола Тодоров беше во раководството на партијата и на високи државни функции. Беше министер за здравство и за обрзаование во владата на Никола Груевски. Се повлече од партиските функции по обидот за убиство врз него во 2017 година.

Од партиските функции на истата седница се разрешени потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов.

Превирањата се случуваат по гласањето за уставни измени во петокот, кога седум пратеници од партијата поддржаа одтварање уставни измени, по што беа исклучени од партијата.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ